
Dynamo Lyrics
- Genre:Alternative
- Year of Release:2022
Lyrics
Со лесна аномалија
И тврдоглава творба
Формата ја менува
Тече без борба
Против тежата победува
Под волја се шири
И веќе може
Да е полнеж
И празнина
Одненадеж
Одеднаш
Од надеж
Гората гори
Од првото дрво
Цветот го јаде црвот
И одново рти
И сепак се врти
И денот се раѓа и умира во крв
Наутро вреска на исток како новороденче
Небото ја краде бојата на неговиот лик
А часовите ги носат неговите години
Навечер денот се дави
Во сопствената крв и умира
Небото облекува црнина
И пали илјадници свеќи за неговата душа
Потоа сенките со погледи свртени нагоре
Чекаат да се роди повторно
Од сопствената пепел
Течејќи водата менува форми
Противтежата победува
Се празни се полни
Без причина и порив
Без зашто без како
Цветот го јаде црвот
Гората гори
Од првото дрво
Семето рти
Една камена грутка
И одбива и привлекува
Сепак се врти
Одбива
Привлекува
И сепак се врти
Сепак се врти