Vistina ft. Jana Spirkovska Lyrics
- Genre:Hip Hop & Rap
- Year of Release:2024
Lyrics
Кога само полека издишyвам
Устава сама сказни ми пишува
На празни страни не знае да мирува
Завршува - Пак вдишувам
Очи в очи секој злочин го гледам
Ти кочи и молчи за чинов да го средам
Истолчени молци за ламбата бледа
Исплашени, беспомошни - целите се тресат
Последни сили користат да претнат
Темнината ги проголта и уште е жедна
За ретките фаци во мракот што светат
Тајни сведоци на светска војна трета
Во борба без самите да знаеме
Очи отвори пред сите да се каеме
Ако даваш добро, тогаш дај две
За вистина и добар рап само кај Дре
Ако сакаш вистина
Нати ја, пробај сфати ја
Ако сакаш вистина
Нати ја, дупло врати ја
Ако сакаш вистина
Нати ја, пробај сфати ја
Ако сакаш вистина
Нати ја, дупло врати ја
Пробај сфатија вистината овде
Да видиме реално кој сме
Разбистри го твојот поглед со осет
Размислувај малце во свој свет
Прогледај му низ нивните лаги
Насекаде оставаат тивки траги
За кармата да не ги мавно право в' гради
Народов да не сфати дека нив ги кради
Секој нов ден, ново дете фали
Згаснати желби уште од мали
Да најдиш тука помош, батали
Овде никој никого не жали
На крајот од денот стварно тажно е, нели?
Сè појасни и појасни се нивните цели
Кратко и јасно некој свесно не дели
Превземи нешто, немој да дремиш
Ако сакаш вистина
Нати ја, пробај сфати ја
Ако сакаш вистина
Нати ја, дупло врати ја
Ако сакаш вистина
Нати ја, пробај сфати ја
Ако сакаш вистина
Нати ја, дупло врати ја