POTSETNIK Lyrics
- Genre:Hip Hop & Rap
- Year of Release:2022
Lyrics
Yeah, it's Hyper so you know it's hype
Назад сум и најбоље сум досега
Рап олимпијада, фрли еден златен медал
Само споредлив со себе, друга споредба ме вреѓа
Влез ко грабеж на банка, рапов пуната вреќа
Кога реалност се целите, пребледени сте целите
Рапери ви требиме, под земја и под тревите
Тремата ве фаќа, терам ко да сум на тренингче
Плунка пуна рими, скопски инат е во гениве
Ела дојди на оваа страна
Местово у играва ко Столе ќе го бранам
Моментов у живот со шампањот ќе го сањам
Жеден дур во мед и млеко не се бањам, је, дали ме сфаќаш
Дека тука сум дур топ 1 не станам
Праите скандали, ја у студио главам
Пуна глава со идеи, голем гладов за трофеи
Како Cole у 22ра ќе сум ѕвезда низ проекти
У последно време не глеам никој над мене
Освен бесните жени кога се наоѓам у кревет
а интересот на сите ви го држам со време
Ти си денес, ти си вечер, ја сум вечен, флоуов лесен
Рими секад се на место, умот секад бистар
Пророк ли сум, поет ли сум, текстови си листам
Како стигнав се што викав ја ќе бидам, ја да бидам
Отисок да стиснам, сите ќе ме видат
Како играм, како кинам
Бина ми е јасна околина
А рима ми е страсна особина
Веќе димот што го дигам ќе ми стигне се до ледот што го има
Пред да скрши површина, не ме дирај, не ме-
Глава у облаци дур покажуваш љубов
Ако они не добијат, не ги заболе курот
Од опишан до впишан ми се претвори кругов
Сфатив битни ќе ми бидат само моите луѓе
Ко куче, љубов и лојалност дур сум жив
Ти ко глушец, страв и трепет кога си крив
Докажувајќи се никој друг освен на мене
Настанувајќи во тој што останува верен на себе
Доста спиете на Марко
Повикот за будење пристигнува за кратко
Со барзов што ги ставам сите вас ви правам затвор
Па ужасот што искача од вашата уста е забранет со закон
Аполо како богот на музиката
Со зборот што го зборам ја восхитувам публиката
Кон подот сите тонат, ја со ѕвезди за границата
Во тонот ми се слуша, ја сум духот на улицата
VR ги носам со мене, ама не е симулација
Слушаме за успех, ни се крева циркулација
Знаеш колку вредам, ама на ти валидација
Ќе видиме со време, промена на ситуација