Dopir Lyrics
- Genre:Rock
- Year of Release:2023
Lyrics
Во срце на градот, ја следам
Ми заспива на рамења
И секоја капка од немир ја оставам за неа
Од светла на безгласни улици, не гледам - не гледа
Како згаснувам, кога згаснува
И никогаш никој, и никогаш ништо
и не барам
И небо од облаци сиви да симне в'моја пустина
За нејзини очи затворени конечно да погледнат
Дека згаснувам, кога згаснува
Мојот допир, допир за последен пат
Допир, засекогаш
Заледени снегови на мои брегови нек осамнат
Изгубени бродови земја ќе најдат сред океан
Пред нејзини зеници уморни уморно да погледнат
Дека згаснувам, кога згаснува
Мојот допир, допир за последен пат
Допир, засекогаш
И некаде - нека е
Нека ја одведе тагата
И ако ја изгубам - нека се пронајде самата
И можеби тогаш во нејзини очи ќе погледнам
Дека згаснува
Кога згаснува